Шарени цветови за 38-от роденден на Општина Карпош

Од:

Денеска околу илјада деца продефилираа долж булеварот Партизански Одреди, закитени со своите шарени цветови на глава, но и со круни, чадори, и весели фустанчиња, во чест на големиот празник 3 ноември – Денот на Општина Карпош.
Цветното дефиле, кое секоја година се одржува по повод роденденот на Општината, оваа година беше преточено во вистинска есенска слика. Детскиот џагор и насмевки го наполнија плоштадот „Делфина“ во Влае, каде всушност стартуваше традиционалната манифестација „Цветно дефиле“.

Градоначалникот, Стевчо Јакимовски ги поздрави најмладите жители на Општината и им призна на децата дека оваа манифестација му е една од најважните и најмилите настани кои ги организира локалната самоуправа.

_DSC1355

– Ова цветно дефиле го прават нашите најмлади жители, децата од градинките и од основните училишта на територија на општина Карпош. Ова е повод тие да се претстават со достигнувањата кои ги имаат во образованието, културата, рециталот и воедно да го прослават роденденот на Општината. Тие, од најмала возраст, знаат дека се припадници на општина Карпош и дека нивната општина слави 38-години од своето постоење.
Децата и вработените од градинката „Орце Николов“, го честитаа роденденот на општина Карпош и со подарок, уметнички дела-цртежи ја збогатија општинската библиотека. Подарокот му го врачија на градоначалникот Стевчо Јакимовски и претседателот на Советот, Сашо Лазаревски.

Присутните родители, наставници, основци и децата од претшколската возраст ги забавуваа, културните уметници од КУД „Цветан Димов“, а можеше да се ужува и во балетска точка, како и да се слушне златниот глас на Карпош, Ангелина Спасовска. Чествувањето на роденденот, најмладите од градинката „Распеана младост“ го заокружија со песничката за другарството.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски