Шапуриќ: Со европските фондови до подобра животна средина

Од:

Поддршката од Европската унија во битката за чист воздух е голема. Доделени се 1,8 милијарди евра преку европските инвестициски фондови за управување со отпадот, процесирањето на отпадните води, заштитата на биодиверзитетот и обновливите извори, истакна министерот Зоран Шапуриќ на дебата во Битола.

– Во нашата држава неопходно е унапредување на националните паркови, изградба и одржување на прочистителни станици, како и изградба на регионални центри за современ третман на отпад. Сето ова би го постигнале со помош од европските фондови кон кои ќе ни се отворат вратите по добивањето на датум за земја членка во ЕУ. Да ја искористиме оваа историска шанса која ни се пружа, рече Шапуриќ на дебатата за заштита на животната средина во Македонија како земја членка на Европската унија.

Тој посочи дека европските директиви ќе донесат многу бенефити со нивното имплементирање во Македонија и ги повика граѓаните, особено младите, на 30 септември го дадат својот глас за подобар живот со европски стандарди.

Би можело да ве интересира

Двајца пијани возачи уапсени во Ресен и во Битола

Обид за убиство на „Новиот пазар“ во Битола: Со нож е ранет маж во грбот и слабината

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

Полицијата трага по 22-годишен разбојник кој ограби фризерски салон во Битола

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“