Шаќири: Училишните педагози и психолози да се фокусираат на менталното здравје и добросостојба на учениците

Од:

Верувам дека преку професионално ангажирање на сите стручни соработници ќе обезбедиме безбедна клима за работа во училиштата. Важно е вашата работа да е во склад со професијата и да ви се овозможи непречена секојдневна работа за градење на клима за напредување во училиштата. Во овие услови стана видливо дека треба да дојде до нова структура на вашата работа и ослободување од административни обврски во училиштето, истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната обука за јакнење на вештините за поддршка на менталното здравје на учениците.

Обуката ја организираа стручни соработници на Град Скопје за педагози и психолози, во просториите на СУГС „Зеф Љуш Марку“ во Скопје, а со поддршка на УНИЦЕФ.

-Го поздравувам трудот и професионализмот на активот на стручни соработници на ниво на Град Скопје, бидејќи преку нивното обезбедување на насоки до своите колеги во училиштата тие влијаат да се изгради стабилен однос во овие вознемирувачки ситуации. Стручните соработници треба да се активни чинители во решавање на проблеми поврзани со образованието и добростојбата на учениците, тие се мостот и до наставниците и до родителите, рече Шаќири.

Тој посочи оти верува во професионализмот на стручните служби во училиштата и ги поддржува напорите за континуирано професионално растење.

-Врз вас има и дополнителен терет да се обезбеди поддршка на учениците и вработените за надминување на последиците од пандемијата со Корона вирусот кога многу нешта се сменија, и тоа во начинот на комуникација, во начинот на совладување на образовните предизвици и во начинот за грижа за себе и за другите. Затоа е важно во училиштата да има просторија во која ќе може доверливо да се разговара својот училиштен психолог, додаде Шаќири.

Тој упати апел до училишните раководства во рамки на Годишната програма за работа да развијат и дополнително да зајакнат превентивни програми за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, злоупотреба и запуштање, спречување дискриминација, соработка со родителите односно старателите.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови