Шаќири: Учебниците за шесто ќе се достават од петок, но ако има потреба ќе се работи и викендов

Од:

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири изјави дека од денеска почнала доставата на учебниците за шесто одделение. До крајот на неделата, како што посочи, очекува сите учебници да се достават, а доколку се јави потреба, ќе побара од економскиот оператор доставата да продолжи и за викенд.

– Ме радува фактот што денеска во делот на училиштата има достава на учебници за шесто одделение, која ќе продолжи тековно утре и до крајот на неделата. Очекувам сите учебници да се достават, но, доколку постои потреба, ќе побарам од економскиот оператор, да има достава и во сабота и недела, рече Шаќири во изјава за медиумите по панел дискусијата „Вклучување на медиумската писменост во основното образование – искуства и предизвици“.

Тој додаде дека во септември имале доставено повеќе од 80 отсто од учебниците, а за првпат по десет години се доставени учебници во гимназиско образование и по 13 години во стручното образование. Тој нагласи дека нема одговорност секаде да интервенира.

Во однос на учебниците во средните училишта, каде учениците се жалат дека учат од оштетени учебници, Шаќири вели дека дел од издавачките куќи кои ги имаат правото на сопственост, побарале пет дена одложување за да може да се обезбедат учебници за сите ученици.

-Секој одобрен учебник доаѓа од Националната комисија за учебници. Доколку постои задоцнување на доставата од страна на МОН, одговорноста е на министерот. Сите учебници што се одобрени, од страна на педагошката служба, веднаш се издадени со договор за нивно печатење. Тоа што за одредени учебници има жалбени постапки, не зависи од министерот, рече Шаќири.

Би можело да ве интересира

Шаќири: За простор за ФИНКИ се бара решение, помошта за средношколците и основците ќе се исплати до петок

Шаќири: За врсничкото насилство не е одговорно само МОН, треба да се вклучат сите институции и родителите

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Шаќири: При крај е наоѓањето решение со учениците во Чашка

Заврши протестот на студентите, министерот ќе ја разгледа нивната иницијатива за календар на активности

Шаќири: Европско образование дома не е само барање што ни го наметнува членството во ЕУ, тоа е потреба на нашите ученици и студенти