Шахпаска промовираше нови мерки на СДСМ за ранливите категории

Од:
„Политиките на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обезбедуваат грижа и достоинствен живот за секој наш граѓанин. Од општество во кое се газеше врз достоинството на луѓето, станавме општество во кое се помага и се грижи за сиромашните и ранливите, држава која се стреми сите да имаат и уживаат еднакви права. Но, секогаш можеме уште повеќе, можеме уште подобро. Во следниот четиригодишен мандат продолжуваме со уште поголема динамика и конкретни политики да се грижиме за оние на кои им е потребна помош. До крајот на следниот мандат, социјалната помош која сега е поголема за 300%, ќе се прошири и ќе ја примаат 34.000 домаќинства како гарантирана минимална помош, а 65.000 деца ќе примаат детски додаток. До 2024 година, со предучилишно образование ќе опфатиме 60% од децата на возраст од 3 до 6 години“, вели пратеничката на СДСМ, Јагода Шахпаска.
„10.000 деца ќе добијат современи услови за квалитетен раст и развој. Ќе ги ослободиме од плаќање партиципација за градинка сите деца од семејствата со ниски приходи. На најранливите семејства мораме да им помогнеме, да имаат сигурен дом и затоа во следниот мандат ќе изградиме 777 социјални станови за најранливите семејства, но и за млади брачни парови. Со новата програма, во 2021 година ги зголемуваме додатоците за сите права за попреченост за 15%. Ја намалуваме границата за користење на правото за попреченост од 26 на 18 години. До 2024 година нема да има ниту една јавна институција без пристапна рампа на својот влез. Обезбедуваме голема помош и поддршка и за највозрасните наши граѓани, за кои ќе отвориме три домови за стари лица во Скопје, Кочани и Пробиштип. 10 нови центри за активно и здраво стареење и услуга за помош и нега во домот во 65 општини. Грижата за работниците и унапредувањето на работничките права продолжува. Следува построга, темелна и редовна контрола на работното време и на работничките права. Недела да биде неработен ден за сите кои сакаат да бидат со своите семејства.
Минималната плата ја качуваме до 18.000 денари до крајот на мандатот, затоа што секој заслужува соодветно да му се цени трудот на работното место“, додава пратеничката на СДСМ, Јагода Шахпаска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ