SexEd во организација на ХЕРА: Табу темите нема сами да се урнат

Од:

Инспирирани од концептот на мотивациските говори на ТЕД, а по повод 28 септември – Меѓународниот ден за безбеден абортус, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување го организира својот прв SexEd – едукативно-инспиративен настан за сексуалноста и сексуалните права.

Години наназад, 28 септември е денот кога активистките и активистите низ светот се мобилизираат со една заедничка цел: универзален пристап до безбеден и легален абортус како човеково право и право на здравје на жените.

За правото на избор и за сеопфатното сексуално образование ќе зборуваат седум говорнички и говорници од Македонија, Романија, Холандија, Белгија и Ирска.

Преку индивидуалните приказни и согледувања, раскажани пред микрофон, SexEd ќе ги отвори темите што се дел од сечие секојдневие, но не и од јавниот дискурс. Иако сексуалното и репродуктивното здравје се неделив дел од животот на секој човек, достапноста на информации и услуги кај нас е далеку од доволна. Сексуалните и репродуктивните права се човекови права, но и натаму се прекршуваат.

– Се уште немаме нов закон за прекинување на бременоста, па девојките и жените во Македонија и ден денес мораат да чекаат по три дена за да го остварат своето репродуктивно право. Услугите за сексуалното и репродуктивното здравје не се физички пристапни за лицата со попреченост. На позитивната листа и натаму нема ниту еден орален контрацептив иако контрацепција користат само 13 отсто од населението. Младите се оставени сами да се информираат за сексуалноста и за репродуктивното здравје бидејќи во училиштата не се учи за сексуално образование. Додека родителите и наставниците се трудат да се фатат во костец со табу темите, говорот на омраза и насилството си виреат во училиштата и на социјалните мрежи, велат од ХЕРА.

SexEd е бесплатен и отворен за сите! Говорничките/-ците ќе зборуваат на македонски и англиски јазик, а ќе биде обезбеден превод само на знаковен јазик.

Би можело да ве интересира

„Хера“: За Ромките во државава се уште има предрасуди, отколку работните места

Ана Ололовска

Поддршка од 93 граѓански организации за приоретизирање на родовата рамноправност во основно образование

Ана Ололовска

Кампања за лицата со интелектуална попреченост на Специјалната олимпијада Македонија и ХЕРА

Ана Ололовска

ХЕРА: Владата да ги гарантира здравствените услуги на бремените жени

Ана Ололовска

ВИДЕО: Родителите се согласуваат во училиштата да се предава сеопфатно сексуално образование

Ана Василевска

ХЕРА: Сексуалното образование да се изучува како изборен предмет во основните училишта

Ана Ололовска