А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Северна Македонија и Грција неделава се во фокус во Вашингтон

by А1он10/06/2019 - 18:17255
Share0

Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат в среда ќе има сослушување поврзано со пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, додека утре, се одржува настан за улогата на Грција како геостратешки сојузник на САД во Западен Балкан.

Добивај вести на вибер

На сослушувањето во Сенатот повикани се помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, и Кетрин Вилбаргер, американски заменик помошник секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања.

Претседавачот со Комисијата, сенаторот Џејмс Риш, претходно изјави дека веднаш по сослушувањето, протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО ќе оди на гласање во Сенат.

Сенаторот тогаш укажа дека најверојатно тоа ќе се случи во јуни и дека во Сенатот ќе има голема поддршка за ратификација на протоколот.

Во Атлантскиот совет во Вашингтон, пак, утре се одржува дискусија за улогата на Грција како геостратешки сојузник на САД во Западен Балкан. На дискусијата ќе зеде учество грчкиот алтернативен министер за финансии Георгос Чулијаракис и Симос Анастопулос, претседател на Грчко-американската стопанска комора, како и Џефри Пјат, амбасадор на САД во Грција.

На настанот, организиран од иницијативата „Идна Европа“ и од Грчко-американската стопанска комора, ќе се говори за безбедносната соработката помеѓу САД и Грција во Западен Балкан и на Медитеранот и за американските стратешки планови во регионот.

grcijamakedonija

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Горан Наумовски11/03/2026 - 12:28

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

Ева има потреба од сите нас – да му помогнеме на десетгодишното девојче од Охрид

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 16:37

Осум пријавени настани со семејно насилство, лишени од слобода шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 15:38

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 17:17

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 16:0807/03/2026 - 16:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен