Сетот безбедносни закони денеска пред пратениците

Од:

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 99-та седница на која во второ читање се повеќе закони од областа на безбедноста.

На оваа седница треба да се разгледа Дополнет Предлог – закон за Агенција за национална безбедност, Дополнет Предлог-закон за координација на безбедносно-разузнавачкaта заедница во Република Северна Македонија, Дополнет Предлог-закон за изменување на Законот за следење на комуникациите, Дополнет Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи и Дополнет Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за странци – II читање, сите во второ читање.

Пратениците треба да ја разгледаат и Предлог одлуката за распишување јавен оглас за избор на здруженија од областа на човековите права, полициското право и правосудството поднесен од Јован Митрески, Снежана Калеска Ванчева, Кети Смилеска.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска