Сетинци, Попадинци и Крушоради донираат уште еден споменик во центарот на Скопје

Од:

На Кеј „13 Ноември“, во непосредна близина на хотел „Холидеј ин“ и ГТЦ, ќе биде поставен споменик посветен на Македонците бегалци од Граѓанската војна во Грција во 1948 година. Спомен обележјето е скулптурална композиција изработена во бронза и поставена на постамент, а е донација на „Здружението за духовно обединување на Сетинци – Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија – Скопје”.

Градското собрание на следната седница ќе ја донесе одлуката за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен-обележјето, по предлог на градоначалникот, Коце Трајановски. Здружението ќе ги покрие трошоците за подигањето на споменикот, додека средствата за чување, одржување и заштита ќе бидат обезбедени од градскиот буџет.

Спомен-обележјето е скулптурална композиција изработена во бронза и поставена на постамент. Димензиите на локацијата се 3m х 7m, а нејзината висина 1.50m.

novspomenik-nacrt

Во образложението на Град Скопје до советниците стои:

„Македонските бегалци беа жртва на владеењето на монархо-фашистички власти по Граѓанската војна во Грција. Грчките монархофашистички власти започнуваат масовно протерување на македонското население од Егејска Македонија кое учествувало или го помагало НОФ ( Народно Ослободителен Фронт) и комунистичкото движење. Протерувањето од своите домови, претставува важен временски период од историјата на македонците бегалци за време на Граѓанската војна во Грција. Сметаме дека овој трагичен настан треба да биде лекција за идните поколенија за никогаш и никому да не се повтори.“
Графичкиот приказ покажува како ќе изгледа спомен-обележјето.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он