Серија земјотреси почувствувани во Битола, епицентарот во Грција

Од:

Серија земјотреси чии епицентри припаѓаат на пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во соседна Грција се регистрирани вчера и во текот на денешниот ден, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Два од нив, од кои едниот утринава во 07:41 часот и претходно, вчера попладне во 15:40 часот, се почувствувани во околината на пограничниот премин Меџитлија со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала и во околината на Битола со интензитет од три степени.

Првиот земјотрес бил со Рихтерова магнитуда од три степени, а вториот со магнидута 3,3 степени.

Би можело да ве интересира

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија, епицентарот во Грција

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција

Земјотрес почувствуван во државава, епицентарот во Грција

Земјотрес почувствуван во западните и југозападните делови на Републикава, епицентарот во Грција