Серафимовски: Синдикатот на Клинички центар повикан на средба со министерот Фатмир Меџити

Од:

Синдикатот на Клинички центар, како што изјави потпретседателот Предраг Серафимовски, утре попладне е повикан на средба со новиот министер за здравство Фатмир Меџити.

– Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање за да се потпише во најбрз можен рок договорот што го имавме со претходниот министер и со Фондот. Тие средства веќе се обезбедени, анексите се направени и коефициентите се средени, така што би требало да ја завршиме работата, појасни Серафимовски за МИА.

Бидејќи е прва средба, тој рече дека ќе инсистираат како синдикат на Клинички, но и за цело јавно здравство.

– Сите излегоа на протест и од другиот синдикат од ССМ. Инсистираме на потпишување за зголемување на плати, за медицинските сестри 3.000 денари бруто, за сите останати, значи јавна администрација, помош на технички персонал и доктори, по 2.000 денари. Таков е договорот, додаде Серафимовски.

Со барање за покачување на латите и усогалсување со промените на минималната плата синдикатите минатиот месец организираа протести на вработените во јавното здарвство пред пред Клиничкиот центар и ГОБ „8 Септември“ во Скопје, како и во други градови низ државата.

Би можело да ве интересира

Беќаровски: Клинички со директор избран од Влада, а раководители на клиники да бидат вработени со 20 години искуство

Со августовската плата да има усогласување со минималната, инаку можни се протести на Клинички

Катерина Ѓуровски

Синдикатот на Клинички бара потпишување на договорот за покачување на платите

Синдикатот на Клинички го поддржува предупрдувачкиот протест организиран од КСС

Самостоен синдикат на Клинички центар: Да се реализира ветувањето за 40 отсто зголемување на платите во јавното здравство

Ана Ололовска

Шахпаска разговараше со синдикатот на Клинички центар околу неработната недела

Жарко Настоски