Септичка јама вознемири сопственици на викендички крај Тиквешко Езеро

Од:

Септичка јама вознемири сопственици на викендички крај Тиквешко Езеро. Информацијата за МИА ја потврди Сашко Данов, претседател на еколошкото друштво „Тисовец”, од блиското кавадаречко село Возарци.

– Револтираните сметаат дека еден од соседите ја изградил јамата многу ниско и близу до езерото. Стравуваат дека кога ќе се наполни езерото кое е вештачка акумулација и ја потопи јамата, ќе има загадување од фекалии. Наоколу има многу викендички и тука се капат многу луѓе. Најмногу се стравува за децата, рече Данов.

Јованче Колев, инспектор за животна средина и комунални работи при општина Кавадарци, нагласи дека ќе се изврши увид на лице место, за да се согледа вистинската состојба на терен и да се направи записник. Доколку е потребно, вели, ќе се преземат и соодветни законски мерки.

На брегот на Тиквешко Езеро, втора по големина акумулација во државата, има околу три илјади викендички.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци