Сенатот на Универзитетот ФОН донесе одлука за доделување на почесен докторат на Влатко Стефановски

Од:

Сенатот на Универзитетот ФОН, на седницата одржана на 15 јуни 2017 година, донесе одлука за доделување на почесен докторат (Doctor Honoris Causa) на Влатко Стефановски, во рамките на Факултетот за дизајн и мултимедија.

„Одлуката е донесена врз основа на фактот дека Влатко Стефановски е едно од најистакнатите амбасадори на македонската музика и култура во Европа и светот.

Неговиот богат музички опус, кој живее повеќе под 40 години е проткаен со виртуозни достигнување од рок-џез-енто популарната сцена, театарската и филмската музика, кои денес го носат епитетот на безвременски музички остварувања. Стефановски преку меѓународните соработки со врвни музичари од целиот свет, како и преку настапките со значајни големи оркестри со светско реноме веќе неколку децении ја промовира македонската култура во светот давајќи форма на највисоките вистински вредности на уметноста.

Стефановски е иновативен музичар со визионерски пристап кој допира и ќе допира до многу генерации. Неговиот придонес во музиката може да се дефинира како бележник и идентификација на еден долг и значаен период на постоењето на Република Македонија.

Одлуката за титула почесен доктор на науки се донесува врз основа на член 144 став 2 од Законот за високо образование на Р.М“ се вели во соопштението на универзитетот ФОН.

Би можело да ве интересира

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

(ВИДЕО) Филиповска за канцерот: 50 отсто бев излечена во Истанбул, 50 отсто ме излечија во Македонија

А1он

АУЕ – ФОН и ThriveDx со прва генерација експерти за сајбер безбедност во Македонија

Државната матура да се реформира и адаптира на образованието на иднината, но приемниот испит на факултетите е неопходен за валозирање на квалитетот и нивото на знаење на ученикот

Професор Емеритус Нано Ружин добитник на наградата Гоце Делчев за 2023 година

Катерина Ѓуровски

Со 84 рози и 12 бели гулаби АУЕ – ФОН ја одбележа годишнината од смртта на основоположникот на модерната турска држава, Кемал Ататурк

Ана Ололовска