Сенатот на УКИМ ги поддржа заклучоците на Ректорската управа

Од:

Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги поддржа заклучоците на Ректорската управа донесени на вонредната седница во петокот да се одложи постапката за измени во законот за високото образование со цел да се овозможи  поширока јавна дебата.

Одлуката на Сенатот да ги поддржи констатациите на Ректорската управа била едногласна и донесена на неговата денешна, 25-та редовна седница.

Ректорската управа на УКИМ пред три дена му предложи на Министерството за образование и наука да се заложи пред овластените предлагачи за повлекување од собраниска процедура на предложените законски решенија поврзани со високото образование.

– Универзитетот и понатаму останува отворен и подготвен за соработка со цел  квалитативен придонес во реформите во високото образование, придржувајќи се на европските и светските стандарди, соопшти  Ректорската управа на УКИМ по седницата на 26 декември.

Би можело да ве интересира

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Во Ниш студентите пет часа блокираа пет мостови, тие бараат правда

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ