СЕММ: Новинарите да работат професионално и во интерес на јавноста

Од:

Советот за етика во медиумите денеска ги презентираше јавно одлуките по три жалби, од кои во две констатирал повреди на одредбите од Кодексот на новинари, а во една не. Притоа, оттаму посочија дека тие се добар приказ кога новинарскиот производ ги има сите елементи, кога се поаѓа од јавен интерес, а кога тој се користи за сензационализам, па дури и лична пресметка и лична одмазда. Нивинарите, рекоа, треба да работат само во интерес на јавноста и со почитување на сите стандарди и етички норми.

Прекршување на повеќе од половина членови на Кодексот констатирала Комисијата за жалби при СЕММ по жалба за напис на порталот Мактел од Саше Ивановски, во кој тој обвинува колега новинар од Охрид дека ги „изнајмува за пари неговите керки по охридските угостителски објекти.

Ова, според Комисијата, е пластична слика за тоа каков не треба да биде новинарскиот производ и за што не треба да служи, затоа што со самиот одговор што Ивановски го испратил на жалбата тој вели дека тоа го направил да му се закани на новинарот за да види „како е кога некој ти го чепка семејството“.

– Не постои никакво објаснување што може да оправда вакво кршење на повеќе од половина од одредбите на Кодексот, рече Членот на Комисијата Теофил Блажевски. Додаде дека ваквите написи се дополнителен мотив посилно да се бара регулација на интернет просторот и пораталите, нешто со што рече, ние не се согласуваме. .

Прекршување на членовите 1 за точно проверено информирање и членот 7 што се однесува на нарушување на приватноста од Кодексот, Комисијата констатирала по жалбата на Министерството за одбрана во врска две емисии „Блиц“ на новинарот Љупчо Златев емитувани на ТВ Алфа на 7-ми односно 14 мај.

Исто така, не било објавено и мислење или став втората страна што е предмет на овие две емисии, а тие од страна на Комисијата за жалби при советот се оценети како сензационалистички. Констатирано е и користење мал дел извори за битни прашања.

Според Комисијата за жалби при Советот, не држи образложението на главните уредници на Алфа дека емисиите се надворешен проект и оти тоа не може да биде оправдување за медиумот.

Комисијата за жалби ја отфлила жалбата на Стојан Трпчевски од МТВ по објавена анализа на интернет порталот ТВ Нова, бидејќи констатирала дека новинарот ги испочитувал сите стандарди во новинарството, дека има доволно компетентни соговорници за темата што се однесува на работата на МТВ како јавен сервис.

Одлуките Комисијата ги донесе пред десеттина дена, но денеска ги презентира јавно за, како што посочија, да можат, да се видат сите факти и начинот на кој таа ги донела.

Во периодот од 2014 до 2017 година биле донесени одлуки по 214 жалби, од кои во 175 биле констатирани прекршувања на кодексот. Во најголем дел од нив, или 79 проценти предмет на жалба биле интернет порталите.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on