СЕММ: Медиумите да не дозволат да бидат манипулирани од политичарите и другите актери во изборниот процес

Од:
„Со почетокот на изборната кампања во Република Македонија, Советот за етика во медиумите (СЕММ) апелира за целосна професионална одговорност во новинарството, промовирање партиципаторен политички процес и континуиран пристап на јавноста до релевантни и веродостојни информации.
Медиумите не треба да дозволат да бидат манипулирани од страна на политичарите и другите актери во изборниот политички процес, бидејќи тоа значи директна штета врз јавноста и граѓаните на Република Македонија.
Повеќе од кога и да е, постои потреба од урамнотежено и  коректно известување со цел на јавноста да и’ се овозможи да го разбере и да учествува во политичкиот процес.
Очекуваме од медиумите да не поттикнуваат разлики и поделеност меѓу луѓето, туку да бидат посредник и платформа за активен дијалог, а во тоа да се предводат од принципите на професионално известување. Во овој контекст, повикуваме на доследно почитување на Повелбата за етичко известување за изборите, која ја потпишаа најголем дел од медиумите во државата уште во февруари годинава, но во пракса таа не беше доследно почитувана. Истото се нотираше и во овогодинешниот Извештај на Европската Комисија за напредокот на РМ, во кој, меѓу другото, силно се истакнува потребата од развивање култура на професионална етика во медиумите.
Уште еднаш потсетуваме и повикуваме на доследно  почитување на принципите на Повелбата за етичко известување за изборите:
– вистинитост и објективност
– избалансираност
– јасна дистинкција меѓу информациите и коментарите
– чесност и независност
– професионална солидарност меѓу медиумите
– уредувачка независност и професионален интегритет
– почит и толерантност
– слобода и одговорност.
На почитување на принципите на Повелбата и на Кодексот на новинарите ги повикуваме сите медиуми, а особено постоечките и идните членки на СЕММ, чие активно членство во Советот ќе зависи токму од оваа определба“, се вели во соопштението на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).

 

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември