СЕММ: Итна реакција на полицијата и ЈО за расветлување на инцидентите во кои беа нападнати новинарски екипи

Од:

„Советот за етика во медиумите (СЕММ), по вчерашните инциденти во Собранието на Република Македонија, во кои беа нападнати и новинарски екипи од неколку медиуми, апелира за итна реакција на полицијата и Јавното обвинителство и преземање на неопходните мерки за расветлување и расчистување на инцидентите.

Ваквите случувања се суров доказ за алармантните услови со кои се соочуваат медиумите, а насилството врз нив е атак врз демократијата, а со тоа и криминал врз општеството. Доколку властите не преземат сериозни чекори во заштитата на слободата на изразување ќе продолжат да ги охрабруваат оние кои имаат за цел по пат на сила да ги замолчат новинарите и другите критички гласови во општество. Барањето одговорност од политичарите е една од клучните одговорности во новинарството и медиумите не смеат да бидат блокирани во обидите да ги истражат сите важни прашања од јавен интерес.

Потсетуваме дека државата, во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, е одговорна за преземање на сите активни мерки со цел да создаде и одржува поволна средина за слобода на изразување. Ваквата слобода и права помагаат да се забрза развојот на отворено, толерантно, општество во кое мора да се почитуваат човековите права, вкучувајќи ја и слободата на медиумите.

Ги повикуваме и медиумите професионално и непристрасно да ја вршат својата работа за урамнотежено претставување на настаните од сите засегнати страни“, се вели во соопштението на СЕММ.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска