А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ССНМ ги осудува нападите врз новинари и фоторепортери од страна на обезбедувачите на МПЦ

by А1он19/01/2019 - 21:3719/01/2019 - 22:00265
Share0

Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ) најостро ги осудува денешните физички напади врз новинари и фоторепортери од страна на обезбедувањето ангажирано од Македонската православна црква (МПЦ) за манифестацијата фрлање на крстот во Скопје по повод верскиот празник Водици.

Добивај вести на вибер

„Според изјавите од напднатите колеги, како и од наши членови очевидци на инцидентот, обезбедувачите грубо физички се однесувале кон новинарката на Канал 5, Мирјана Мирчевска-Јовановиќ, кон фоторепортерката од МИА, Ивана Батев и кон фоторепортерот од Република, Александар Ивановски. Новинарката на Канал 5 притоа има здобиено повреди на раката и вратот, поради што ѝ била укажана лекарска помош во Универзитетската хируршка болница „Св. Наум Охридски“.

ССНМ бара од полицијата и Основното јавно обвинителство темелно да го истражат инцидентот и соодветно да ги казнат напаѓачите, со што ќе пратат порака дека нема толеранција за каков било напад врз новинари или врз медиумски работници, а особено не за физичко насилство при вршење на основната дејност – информирање на јавноста.

Ова дотолку повеќе го бараме затоа што ова не е прв инцидент со обезбедувачи на МПЦ за време на Водици, поради што за одговорна ја сметаме и МПЦ и второ, затоа што со практика на неажурност на надлежните дополнително се придонесува кон охрабрување на напади врз новинари и медиумски работници“, се вели во соопштението на СЕММ.

mediumisemm

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски18/12/2025 - 21:4118/12/2025 - 21:45

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Горан Наумовски03/09/2025 - 10:59

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Горан Наумовски23/08/2025 - 13:16

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Горан Наумовски13/08/2025 - 15:31

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Горан Наумовски01/06/2025 - 19:08

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

Горан Наумовски03/05/2025 - 11:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен