СЕММ бара професионално известување од медиумите за несреќата во Тетово

Од:

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) повикува на професионално известување од медиумите за пожарот во модуларната болница во Тетово, а од институциите навремено и прецизно информирање, со цел намалување на ризикот од ширење на шпекулации во овие тешки моменти.

Од СЕММ соопштија дека со голема загриженост ги следат прекршувањата на новинарските стандарди во известувањето за големата трагедија во Тетово и пожарот во модуларната болница.

-Медиумите се должни, особено кога се работи за информации што се однесуваат на загуби на човечки животи, да го почитуваат Член 1 од Кодексот на новинари: „Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.”, посочуваат од СЕММ.

Во однос на експлицитните фотографии и видеа од несреќата, од СЕММ потсетуваат на Член 8 и Член 7 од Кодексот: „Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.” „Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост.”

СЕММ упатува повик до граѓаните да пријават во нивната канцеларија какво било прекршување на новинарските стандарди што ќе го забележат во традиционалните или онлајн медиумите преку електронската пријава на следниот веб линк: https://complaints.semm.mk/?page_id=33.

-Истовремено бараме од институциите транспарентно, навремено и прецизно информирање на јавноста со цел намалување на ризикот од ширење на шпекулации во овие тешки моменти, се наведува во соопштението на СЕММ.

Би можело да ве интересира

Трето рочиште за завршни зборови во судскиот процес за модуларната болница во Тетово

Катерина Ѓуровски

Електричната инсталација во модуларната во Тетово не била по прописите, ја инсталирале двајца вработени во болницата сведочеше вештак

Ана Ололовска

Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Ана Ололовска

Се бара слобода за докторот обвинет за пожарот во модуларната болница, рочиштето одново се одложи

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Прво судење за изгорената болница: Едниот директор не дојде на судење, другиот не чувствува вина

Кристијан Ландов

Ексдиректорот на тетовската болница еден од обвинетите за пожарот: Апсолутно не гледам вина кај мене

Кристијан Ландов