Семејството со новороденче од неколку дена на пат да ја напушти Украина, во Харков веќе нема Македонци

Од:

Министерот за наворешени работи Бујар Осамни информираше дека семејството Спирковиски кое беше заглавено во Хараков со новороденче старо неколку дена е на пат да ја напушти Украина.

„Семејството Спирковски, од градот Харков, кое беше во најтешка состојба, со новороденче кое има само неколку дена, во моментов е дел од посебен безбедносен коридор на повеќе од 100км од градот и е на пат да ја напушти Украина. Тие со на безбедно и се во добра состојба. Очекувам во текот на денот да ја напуштат Украина и потоа со асистенција на нашата дипломатска мрежа, од соседството на Украина, ќе се воспостави нивниот транспорт до Скопје“ – напиша Османи на Фејсбук.

Во Хараков, градот кој е најмногу погоден од воените дејствија веќе нема македонски државјани информираше Осамни.

Би можело да ве интересира

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба

ВИДЕО: Америка дозволи купување руска нафта

ВИДЕО: Украина развива балиситчко оружје кое тврди ќе достигне до Москва

Катерина Ѓуровски

Војната во Украина го поттикнува зголемувањето на трговијата со луѓе во Европа

Европа стана најголем увозник на оружје во светот

Русите лансираа смртоносна нова ракета