Семејството со две мали деца се евакуираше од Газа, преку Каиро ќе дојдат во Македонија

Од:

Семејството со две мали деца, таткото кој е македонски државјанин и мајката која е Палестинка вчера го помина преминот Рафах од Газа кон Египет. Тие се на египетска територија и преку Каиро треба да се упатат кон Скопје.

– Информираме дека во текот на вчерашниот ден, тројца државјани на Република Северна Македонија (татко и две деца), безбедно ја напуштија Газа и во придружба на вршителот на работи во нашата Амбасада во Каиро, Елма Алторок беа упатени кон египетскиот главен град, а од таму кон Северна Македонија. Со нив, преку Рафах се евакуираше и мајката на децата, која има палестинска патна исправа, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи.

Во Газа има уште двајца наши граѓани, брачен пар, кои се исто така вклучени во официјалните листи за евакуација, но нивното напуштање на Газа зависи од околностите на терен, односно безбедносната проценка кој дел од Газа е најпогоден, а со тоа и потребата за итна евакуација на странските државјани.

– Министерството за надворешни работи преку својата дипломатска мрежа во Кајро и Тел Авив останува во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани до завршување на целосното евакуирање на нашите граѓани, соопштуваат од МНР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крајот на војната е блиску, најавува Израел еден ден откако беа убени 100 луѓе во Газа

Катерина Ѓуровски

„Ова е поле на смртта, ги убиваме луѓето за ништо, додека чекаат храна“ – сведоштво на израелски војници за Газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пропалестински демонстранти во Белгија уништија воена опрема за Украина вредна над милион евра

ВИДЕО: Израел не запира со нападите во Газа, само денеска над 20 убиени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел им се закани на Грета Трунберг и на активистите кои се брод се приближуваат до Газа

Катерина Ѓуровски

Најмалку 12 убиени во израелски напад на училиште во Газа