Семејство во скопско Мирковци во тешка мизерија: 32-годишна парализирана девојка 15 години лежи на искинат душек директно на земја

Од:

Наместо на кревет, 32-годишна девојка со целебрална парализа повеќе од 15 години лежи на импровизиран душек директно на бетон, покриена со стар јорган во импровизирана исчадена соба во скопско Мирковци. Сликите со мизеријата во која секојдневно тоне ова семејство се споделуваат на социјалните мрежи со цел да му се помогне во храна, лекови, градежни материјали и парични средства.

Ова соба од 20-тина квадрати всушност е стара гаража која на пролет била опожарена па изгорел дел од скромната покуќнина, а од дотраениот таван паднале штици врз болната Маја, која, за среќа, поминала со полесни повреди. Битката со болеста на Маја секојдневно ја води мајка ѝ Божана, која има околу 70 години и сè потешко се справува со мачниот живот и сиромаштијата. Во истата соба спијат и нејзиниот син, постариот брат на Маја, кој исто така има здравствени проблеми па не може да работи, и вујко им, братот на Божана. Единствена егзистенција им е пензијата на мајката, која изнесува 8.000 денари.

Во помош на семејството се вклучи хумантарната организација „Подари насмевка“, кои споделуваат слики, апели за помош и собираат средства со кои купиле нешто покуќнина и инвалидска количка за девојчето. Како што велат хуманитарците, мизеријата во која живее болната Маја е на дното на човечките услови за живот и додаваат дека е застрашувачко сознанието дека вакви семејства постојат во 21 век во државата.

„Неколку пати го посетивме семејството и можам да кажам дека луѓето тонат во мизерија. Четворица возрасни спијат во исчадена мала соба, а девојката буквално спие на земја. Пред некој ден ѝ однесовме инвалидска количка со цел девојката да ја станеме и изнесеме малку на воздух. Таа повеќе од 15 години воопшто не излегла надвор. Во обид да го направиме тоа ѝ се слоши, најверојатно од страв, затоа што тоа е непознато чувство за неа“, вели Ѓурѓица Аритоновска од „Подари насмевка“.

Од организацијата не знаат дали овие луѓе побарале институционална помош, дали некаде се обратиле, но потврдија дека на девојката ѝ е потребна и соодветна здравствена грижа, која изнемоштената мајка не може да ѝ ја пружи веќе. Велат дека луѓето немаат ниту мобилни телефони, ниту телевизор, единствено средство за инфомирање им е старото радио, кое пренесува само неколку македонски станици.

Би можело да ве интересира

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Демократско движење: Додека Владата експериментира, сиромаштијата само расте

Горан Наумовски

Четвртина од населението во Македонија не може да си го загрее домот: Енергетската сиромаштија се зголемува

Орце Костов

Речиси петтина од населението на Хрватска во ризик од сиромаштија

А1он

Децата во сиромашни семејства имаат поголем ризик да останат сиромашни, образованието клучно за надминување на оваа ситуација

А1он

Околу 28 отсто од Европејците не можат да си дозволат еднонеделен одмор