Семејство од Македонија, мајка со три деца, утре ќе биде евакурано од Израел

Од:

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека за утре е потврдена евакуација на четири лица, односно едно семејство (мајка и три деца). Местата се обезбедени преку израелското министерството за транспорт на Израел, во рамки на организираните летови кои се користат за евакуација на странски државјани од Израел. Летот е планиран од Тел Авив до Атина.

Согласно оваа, како и претходната евакуација реализирана со владин авион на 17 јуни, заклучно со 23 јуни, вкупниот број на заинтересирани македонски државјани за евакуација од Израел изнесува 25. Меѓутоа, не сите изразиле подготвеност тоа да го направат веднаш. Се очекува следните денови дополнителен број на наши државјани да добијат можност за евакуација од Израел.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку Амбасадата во Тел Авив, останува во постојана комуникација и целосно на располагање на македонските државјани сè до нивната безбедна евакуација.

Граѓаните можат да се обратат на следните СОС броеви:

📞 ‪+389 75 273 732 / ‪+389 75 268 736

или на дежурните телефони на Амбасадата во Тел Авив:

📞 ‪+972 54 500 8566 / +972 54 967 054

Апелираме до сите граѓани да се воздржат од патувања во земјите од Блискиот Исток каде што безбедносната состојба е сериозно влошена, велат од Министерството.

Би можело да ве интересира

Министерството за здравство во Газа: Убиени се 70.100 лица од почетокот на војната

Израелски напад во јужниот дел на Сирија: Најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца

Горан Наумовски

Хамас бара евакуација на неговите борци заробени во тунелите

„Њујорк тајмс“: САД предлагаат изградба на алтернативни безбедни заедници за Газа

ВИДЕО: Израел го прекрши примирјето, 28 Палестинци беа убиени, меѓу нив и деца

Катерина Ѓуровски

13 убиени во израелски напад врз бегалски камп во Либан