Семејствата на жртвите од „Пулс“ бараат законската финансиска помош

Од:

Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“, што го основаа семејствата на починатите во трагедијата во клубот „Пулс“, испрати допис до државните и правосудните институции во кој се наведени неколку барања.

Во дописот до премиерот Христијан Мицкоски, до претседателот на Собранието Африм Гаши и до претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, родителите бараат да им биде исплатена законската финансиска помош, а исто така семејствата да ја добијат и потребната институционална помош.

-Доставивме барање до Основното јавно обвинителство – Кочани да посредува за да оствариме средба со претставници од судска медицина во Скопје. Исто така, имаме барање за комплетен видео и аудиозапис за време на судската постапка, се истакнува меѓу другото во барањето од Здружението.

Здружението „16 март 2025 – Кочани“ го најави и одржувањето на дванаесеттиот „Марш за ангелите“, закажан за в сабота, 5 јули, во 18.05 часот, како израз на незадоволството од бавната реакција на институциите и одолговлекувањето на судската постапка против обвинетите во случајот.

Би можело да ве интересира

Судска медицина: Анализите за трагедијата во Кочани ќе бидат јавно презентирани

Родителите на загинатите во „Пулс“ бараа одговори од Судска медицина

Во Кочани 40. „Марш за ангелите“, родителите бараат одговори за токсиколошките анализи

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Истражување: Третина од преживеаните и повредените од „Пулс“ се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“