Семејствата на возачите кои превезуваат патници во карантин стравуваат од зараза

Од:

Семејствата на возачите кои превезуваат наши граѓани од граничните премини до местата одредени за задолжителен карантин се жалат дека живеат во страв од зараза секогаш кога тие ќе се вратат дома. Компанијата „Вардар Експрес“ која ги превезува патниците, семејствата велат дека не ги почитува целосно ниту препораките за заштита во автобусите.
„ Агенцијата дирекно ги изложува своите возачи на опасност од можна зараза од вирусот поради тоа што не им е обезбедена соодветна опрема за заштита, не се врши дезинфицирање на автобусите, не им е пружена соодветна насока за начинот на пренесување на патниците и не им е обезбеден карантин за самоизолација по завршувањето на транспортот при што тие се враќаат во своите домови и исто така дирекно претставуваат потенцијална закана за заразување на своите семејства од вирусот“, вели член на семејство на возач кој инсистираше на анонимност.
Од „Вардар Експрес“ пак велат дека целосно ги почитуваат препораките од Владата за заштита од коронавирус, а тврдат дека обезбедиле и посебен карантин за возачите.
„Пред самиот влез на патниците во автобусот им се мери температура, добиваат заштитни маски,средства за дезинфекција и ракавици. Додека за возачите се обезбедени заштитни одела, маски ракавици како и мерење на температура пред влегување во автобусот и започнување на работните ангажмани.По работниот ангажман возачите се сместени во посебни простории за карантин, поради превенција за заштита на нивните семејства , за да се исклучи секој ризик за ширење на вирусот. При функција на секој автобус и завршување на превозот се врши дезинфекција од страна на фирмата ’СТАРС ДДД’“, велат за „А1он“ од „Вардар Експрес“.

Агенцијата ставила на располагање на Владата 30 автобуси и 60 возачи, а до доцна во понеделникот ангажирани биле само шест од возачите кои превезле 66 патника до местата за карантин. Нагласуваат дека во автобусите, согласно препораките, поставиле паравани на секои четири седишта.

И покрај тврдењата на „Вардар Експрес“,дел од патниците кои се сместуваат во карантин се пожалија дека не добиле маски и ракавици ниту пак се почитувале правилата за растојание од два метри за време на превозот.

Владата не одговори на прашањата од „А1он“ дали склучиле договори за превоз на патници и со други компании и колку капацитети се отстапени за изолирање на Македонците кои се враќаат од странство.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Оценка 2.91 за патувањето со воз, пругите „чекаат“ приватни оператори и ремонти

А1он

„Слушнавме тресок, врескаа жени, на мајка ми и се слоши“: Патници доживеале трауми на враќање од Грција

Орце Костов

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска