Семејства од социјален ризик од Делчево добија топла облека за заштита од студениот бран

Од:

Семејства од социјален ризик од Делчево добија топла облека за заштита од студениот бран кој ја зафати земјава. Акцијата е дел од активностите на Општинската организација на Црвен крст Делчево од каде семејствата ги советуваа како да побараат помош во случај на дополнителна заштита од студеното време.

-Поради студениот бран што ја зафати нашата држава, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Делчево на семејствата од сoцијален ризик им подели топла облека со цел да се заштитат од студеното време. Исто така семејствата се советуваа како правилно да се заштитат од студеното време, истакнаа од Црвен крст Делчево.

Пијанец и Малешевијата се места каде температурите кои деновиве беа измерени се меѓу најниските во државата, поради што како што додадоа оваа помош им е неопходна на најпогодените категории граѓани. Оттаму додадоа дека ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период.
Во меѓувреме од општината информираат дека се исчистени патиштата до сите рурални средини каде снегот во изминатите денови им претставуваше проблем во движењето на мештаните.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Николовски, Бочварски и Шукова од Делчево: Вложуваме во подобар живот на граѓаните, градиме модерна инфрастуктура, нов затворен пазар, а се гради и филтер станицата обезбедувајќи чиста вода за пиење на делчевци

Предраг Петровиќ

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес