Семејното насилство – нова растечка ставка во извештајот на СВР-Гевгелија

Од:

Командирот на Полициската станица по општа надлежност од Гевгелија, Илија Делев, при образложувањето на Извештајот за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот за подрачјето на општина Гевгелија во првото полугодие од 2013 година, изјави дека во Гевгелија расте трендот на семејно насилство.

Од 1 јануари до 30 јуни годинава на подрачјето на надлежност на ПС Гевгелија регистрирани се 46 настани со елементи на семејно насилство, по кои се поднесени осум кривични пријави, од кои четири за нанесени телесни повреди, три за загрозување на безбедноста и имотот, третирани по член 142 од Кривичниот законик на РМ и една кривична пријава на подрачјето на општина Богданци, која се терети по член 133 од КЗ за обид за убиство.

Симптоматично е што кај пријавите за семејно насилство има повторување на настаните од страна на исти извршители кон исти жртви, најчесто женските членови на семејството, кои не се регистрираат како нов случај, туку правнички се третираат како „продолжено кривично дело“.

Од страна на СВР се изрекуваат превентивни мерки, како забрана за контакт меѓу учесниците во семејното насилство, поставување услов за оддалеченост на извршителот од жртвата и друго.

„Сè додека не бидат кривично третирани, извршителите не се соземаат, а по изречените кривични мерки и санкции тие атерираат“, изјави командирот Илија Делев.

Затоа препорача членовите на семејствата каде што се случува семејно насилство, освен што треба да се охрабрат да ги пријавуваат случаите, да не ги повлекуваат пријавите за доброто на извршителот, кој со тоа се охрабрува да го повтори делото.

Во вкупниот извештаен период, за првите шест месеци од годината, на подрачјето на општина Гевгелија пријавени се 127 поплаки на граѓани во врска со семејни расправии, нерасчистени имотно-правни и должничко-доверителски односи, поплаки од областа на јавниот ред и мир. Службените лица презеле мерки за решавање на спорот по мирен пат, при што 120 лица биле усно предупредени, девет лица добиле писмено предупредување, а четири поплаки биле препратени на други органи.

Станува забележително дека и во поширокиот опфат на пријави за семејни расправии, во однос на истиот период лани, присутен е пораст на барањата за полициска интервенција од страна на граѓаните со поднесени 11,4 процент повеќе пријави од минатата година во однос на 2013.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Двајца стружани оштетиле неколку возила, а нападнале и полицајци

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Кривична пријава за жител од Чашка кој физички ја малтретирал малолетната ќерка

Скопјaнец ја истепал својата 18-годишна сестра

Горан Наумовски

Жена е нападната од нејзиниот син во Аеродром

Полицијата уапси млад штипјанец кој си ја истепал девојката