Семејна расправија заврши со убиство, сторителот приведен

Од:

Едно лице е убиено, а едно е застрелано во десната нога во семејна расправија во продавница, вечерва на ул. Московска непосредно до пазарот во Тафталиџе, во Скопје.

Според првичните информации од МВР, убиството е извршено од стрaна на сопственикoт на продавницата В.Ш. (55), кој по расправија со пиштол пукал кон неговиот зет за сестра С.Д. (55), кој починал на самото место. Неговиот внук од сестра Ф.Д. (25), е погоден со куршум во десната нога и е префлен во Ургентен центар, каде му се укажува лекарска помош.

-Причините за убиството се нарушени семејни и имотно-правни односи, а сторителот е приведен, посочуваат од МВР.

Настанот во полиција е пријавен во 19:40 часот.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари