(ВИДЕО) Села: Заев не заслужува поддршка

Од:

Алијансата за Албанците на гласањето за доверба на Владата ќе гласа „воздржано“, рече пратеникот Зијадин Села. Според него, премиерот Зоран Заев не ја заслужува поддршката за доверба.

„Јас ја дадов поддршката кога беше избран за премиер, денес не ја заслужуваш поддршката за доверба. Гласот на Алијансата за Албанците ќе биде воздржан“, рече Села.

Тој додаде дека во собраниската сала имало луѓе кои живееле со логиката „Умре царот, да живее царот“ обраќајќи му се на Заев со зборовите : „Ова го велам со жалење, еден режим се урна, а се раѓа друг“.

Според Села, собраниската седница за гласање доверба на владата е обичен театар, преку која, како што вели, македонската опозиција треба да се врати во Собранието. Тој вели дека не гледа суштинска дебата и му порача на Заев дека ја нема довербата од пратениците на партијата Алијансата на Албанците

Пратеникот Села за законот за јазици, кој е дел од интерпелацијата, вели дека требало да биде донесен во 2004 година, а не, како што вели, денес да се говори за неговото носење.

„Ако сакате да знаете колку е значајно донесувањето на овој јазик, размислувајте контра вашите аргументи и ќе сфатите, тоа е исто како што вие го браните вашиот јазик. Им благодарам на сите пратеници кои го излгасаа законот за јазици“, додаде Села.

Тој вели дека Алијансата за Албанците нема де биде дел од, како што вели, политичките игри за да ја поддржат интерпелацијата на Владата.

„Кога ја почнавте Шарената револуција, отсуствуваше демократијата. Денес ние со право кажуваме дека сè уште отсуствува демократијата. Изборите треба да донесат измени и кај Албанците. Двете политички партии правите сè за да ја поддржите албанската паритја која 16 години ги добива изборите, а нема легитимитет кај Албанците. Човекот кој го поддржавте за градоначалник на Струга, е дел од прислушкуваните разговори. Ако не сте разбрале што е демократија, тоа е промена. Кога ќе дојде денот, ќе се открие вистината“, рече Села.

Тој на Заев му рече да не најавуваат промена на министер од редовите на ДУИ во друго министерство, бидејќи ДУИ ќе ја изгорат и таа архива, како што се случило во Македонска пошта и во Министерството за правда. Според Села, нема суштинска реформа во правдата.

„Реформа во правдата, со министер кој ќе ја запали архивата, нема да има ниту во иднина“, рече Села.​

Би можело да ве интересира

За Таравари утрешниот настан е седница, а не средба со Централното претседателство

Таравари ги викнал на средба членовите на Собранието на Алијанса пред седницата која ја свика Села

Александар Тодески

Села пред седницата, уверен дека Владата ќе падне

Катерина Ѓуровски

Заев не размислува за оставка: Мицкоски да дојде, премиер да биде?

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Направивме историски чекор со Алијанса за Албанците и Алтернатива

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски, Села и Гаши се дават во “oд немај каде” коалиција осудена на пораз и пропаст

Катерина Ѓуровски