(ВИДЕО) Села: Заев да поднесе оставка и веднаш да се формира експертска влада

Од:

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села побара премиерот Заев да поднесе оставка и веднаш да се формира експерстка влада, по бегството на експремиерот Никола Груевски. Села побара одговорност и од сите засегнати институции, а од Основното јавно обвинителство побара да отвори постапка за сите за кои имаат сознаниј дека го организирале и му помогнале на Груевски да избега од државата.

-Денеска сите граѓани кои веруваа во правен систем се разочарани од оваа власт. Ние повеќе пати сме најавиле дека ВМРО-изираното судство да помине во СДСМеизирано и тоа денес е реалност. Бараме Заев и Владата да поднесат оставка. Веднаш да се формира експертска влада која ќе се фокусира на реформи во судството, да одговраат сите судии за скандалите на кои сме сведоци. Бегството не Груевски не епрв случај, сите кои треба да одговораат за криминалот се во бегство. На пример Грујоски, Бошкоски, Кочан…, рече Села на денешната пресконференција.

Села побара и предвремени парламентарни избори кои би се органзизрале заедно со претседателските.

Слични барања испорачаа и од Беса на Касами , од каде рекоа дека органите на прогонот потфрлиле и дозволиле Груевски да побегне и дека треба да сносат одговорност што денеска аместо во затворот во Шутка, Груевски е во Будимпешта.

– Ова е многу значајно прашање за институциите на државата кои за жал потфрлија во еден значаен момент, бидејќи не се работи за обичен граѓанин кој има проблем со законот, туку за поранешен премиер за кој овде во Собранието имаше дури и постапка за одземање на мандат и човек кој ја водеше државата 11 години, рече пратеникот Фадил Зендели.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски