(ВИДЕО) Села: ВМРО-ДПМНЕ да престанат со политики на продлабочување на поделбите

Од:

„За Алијанса за Албанците нема смисла однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ кои дојдоа во Собранието за да се спротивстават на една третина од интересите на граѓаните. Блокирањето на закон за јазици е за казнување од целата јавност и ги повикувам да престанат со политики на продлабочување на поделбите“, изјави лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

Тој упати порака од Собранието: „Нека тргнат раце од ваков однос кој има само цел да собере политички поени. За нас не е прифатлив терминот „ употреба на јазикот кој го зборуваат 20%”. Никој нема право да смислува дефиниции за нашиот јазик, како што се реагира за македонскиот кој сака да се редефинира со преговорите за името. Тоа е албански јазик и така треба да стои“, додаде Села.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

Судот го запиша Зијадин Села дека е претседател на Алијанса на Албанците

АА: Гаши да го укине заклучокот по интерпелацијата за Даути

Села: Не сум против носење на Законот за правична застапеност

Села: Скандалозна е вчерашната одлука на Уставниот суд во врска со „балансерот“

Горан Наумовски

Села: Уште се чека на исходот за печатите на партијата, Алијанса за Албанците е соединета и во коалиција со Европскиот фронт

Предраг Петровиќ

Основен суд Тетово потврди дека има решение со кое се именува Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците