Села: Вчерашниот протест е скандал, се бранат бандити, Груевски е најголема кукавица

Од:

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села кој беше најтешко повреден во насилниот упад во Собранието на 27 април пред четири години, во однос на вчерашните протести вели дека е беспредметно да се зборува за уставобранители и јавно праша до кога ќе бидат на слобода нарачателите на злосторствата, како што тој ги нарече „кукавиците кои се кријат зад договорени амнестии“.

„Беспредметно да се спомне Устав или уставобранители. Ова што ни се случува после 4 години, беспредметно е да се коментира дали постојат здрави институции и органи во оваа држава. Едно Собрание цело е на услуга на криминалци, хулигани и бандити. За каква правда и институции зборуваме? Вчерашниот протест е скандал од невидени размери. Сум кажал и ќе повторам каде е одговорноста за Агим Нухију кој беше министер за внатрешни тогаш , зошто тој и еден куп други се амнестирани и си седат комотно. Тие што се во затвор, не се невини и не знам за каква слобода протестираат, а постои и уште еден факт, што треба да се испита, уште колку виновни се на слобода. Единствениот кој невин лежи во затвор е човекот кој ме спаси мене на 27-ми април Абдулфета Алими. Се протестира на улици да се бранат бандити, а невини лежат во затвор. Со вчерашниот протест се покажува дека некој во Македонија, сака да воспостави двојни аршини, а тоа не е воопшто добро за државата. Која е поенатата да зборувам за 27 април после сето ова? Постои ли уште нешто што не го видовме како неправда, уште што ни преостанува“, изјави Села за „А1он“.

Во однос на поддршката што Никола Геуевски ја дал на вчерашниот протест Села кусо рече:

„Тој е во редот на најголемите кукавици“.

Инаку, Зијадин Села во собранискиот прес-центар беше претепан до смрт, а неколку часа на критичниот ден не се знаеше дали ќе преживее.

Би можело да ве интересира

Основен суд Тетово потврди дека има решение со кое се именува Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Села тврди дека ги добил печатите од АА, Таравари најавува жалба доколку е донесена ваква одлука

Ахмети и Села потпишаа коалиција

Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати

ВРЕДИ: Села и Лога имаат време до сабота да се предомислат