Села: Учениците да не доаѓаат на настава денеска и утре

Од:

Поради повеќечасовните прекини во електричната енергија, градоначалникот на општина Струга Зијадин Села  апелираше до учениците и наставниците денеска и утре да не ја реализираат наставата во струшките училишта.

– Училиштата во општина Струга се загреваат на нафта, но пумпите на парните котли работат на електрична енергија. Поради тоа што немаше струја, утрово училниците во училиштата се многу студени, а електрична енергија нема и натаму во Струга. Затоа ги повикувам наставниците, децата и родителите да не се реализитра наставата денеска и утре зашто нема воопшто услови за тоа, изјави градоначалникот Села.

Тој нагласи дека овие два дена ќе бидат одработени дополнително, како што рече, кога ќе се создадат услови за тоа.

Инаку не само градот, туку и повеќето села во Струшкиот регион останаа без електрична енергија, но и без вода зашто пумпните станици кај селото Шум работат на струја. 

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга