Села тврди дека ги добил печатите од АА, Таравари најавува жалба доколку е донесена ваква одлука

Од:

Печатите од Алијанса за Албанците ги доби крилото на Зијадин Села. Ваква одлука донел Судот во Тетово. Од крилото на Села ја потврдуваат информацијата, а претседателот на АА Арбен Таравари најавува жалба.

– Судот одлучи дека нашето барање за регистрација на Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците е прифатено. За оваа одлука се известени сите странки и сега официјално претседател на АА е Зијадин Села, изјави за МИА Арбен Зибери, портпарол на крилото на Села.

Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари реагираше преку „Фејбук“ по објавата дека печатите од партијата со одлука на судот во Тетово ги добил Села.

– Велат дека денеска добиле печати од Алијансата за да ги дадат на ДУИ… и да е вистина ќе се жалиме ама и да ги добијат со заробениот систем што го имаат во рака, имам прашање … што е со народот?! Без вера, со ниеден суд не можете да го освоите народот. Промената започна и нема печат што ја спречува, вели Таравари во објавата на Фејсбук.

МИА се обиде да стапи во контакт со Основниот суд Тетово од каде ни беше посочено да испратиме официјален меил во текот на утрешниот ден.

Алијанса за Албанците се подели на две крила – едно што го предводи Арбен Таравари и едно на Зијадин Села. Најавија дека ќе водат правна битка за печатите на партијата. Крилото на Тававари одлучи на претстојните избори да оди со албанската опозиција, а Села со ДУИ.

Би можело да ве интересира

Таравари назначи в.д. директори во неколку јавни здравствени установи

Има средства за проширување на позитивната листа со девет нови лекови, вели Таравари

Таравари: Траба да се направат критериуми за вработување на 300 специјализанти до крајот на годината

Таравари: До крајот на годинава ќе се вработат 300 приватни специјализанти

Таравари: ДУИ со функцијата економски директор во Министерството за здравство ги „честеше“ своите луѓе

Горан Наумовски

„Европскиот фронт“ обвини дека Таравари врши психолошки притисок врз организациските директори за да се повлечат

Горан Наумовски