Села: Не може да се смени многу со министри како Садула Дураки

Од:

Блерим Ахмети, братот на „Ел Чека“ е притворен само затоа што повика на протест, обвини од собраниската говорница Зијадин Села од Алијансата за Албанците. Тој реагираше дека одлуките на судиите се политички и дека се спроведува селективна правда.

– Се претвораме во држава убиец. Има Недостаток на реформи, тоа се препораките на ЕУ поради кои не добивме датум. Блерим Ахмети е во притвор, тој повика на протест и тоа му е единствена вина. Има право на протест со Устав загарантирано и ние се претвораме во режим. Полицијата е во служба на партиите, обвини Села.

Села зборуваше за случаите со претепаниот Саздо и со прегазеното дете Алмир и пресудите за овие случаи, оценувајќи ги како неправедни, а се осврна и на тврдењата на просветниот инспектор кој се пожали на закани од министерот за образование и заменик министерот за внатрешни работи, дополнувајќи дека не може многу работи да се сменат во државата со министри како Садула Дураки.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он