Села: Моите очекувања секогаш кога има избори се да биде исполнета демократијата

Од:

Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села денеска го оствари своето гласачко право на првиот круг под претседателските избори во основното училиште во струшкото село Ливада.

– Моите очекувања секогаш кога има избори се да биде исполнета демократијата. Тоа е многу важно. Луѓето да се чуствуваат слободни да ја изразуваат својата поддршка за кандидатот за кој тие мислат дека треба да гласаат, изјави Села по гласањето.

Заклучи дека денеска атмосферата на гласачкото место во Ливада е демократска,

– Секогаш на ово гласачко место во Ливада таа атмосфера постоела и ќе постои, рече Села.

Очекува дека ќе победи кандидатот зад кој стојат како политичка партија и се надева дека се ќе биде мирно и ќе се прифатат резултатите.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Катерина Ѓуровски

Почна дистрибуцијата на избирачкиот материјал од битолската печатница

За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи

Сиљановска од Струмица: Оттука ќе тргне политичкиот вулкан и ќе стави крај на феудалните енклави на замислените европјани

А1он

(ВИДЕО) Гаши: Во идната влада, „Влен“ е гаранција за уставните измени

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски