Села: Јас ќе бидам градоначник на сите граѓани, а не само на ДПА

Од:

Му благодарам на мојот против кандидат од ДУИ, кој што истата вечер, по заршувањето на локалните избори, ми ја честита победата и ми вети дека ќе бидеме заедно во вториот круг и дека заедно ќе се избориме нашата програма да победи на локалните избори, рече кандидатот за градоначалник на Струга од ДПА, Зијадин Села.

Тој со порака до СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека мнозинство во Струга биле Албанци.

„Во мојата програма се опфатени сите граѓани кои живеат во Струга без разлика на нивната верска, политичка и етничка припадност. Сакам да му упатам порака на мојот против кандидат во вториот круг, дека демократијата е избор на мнозинството во Струга и како такво мнозинството во Струга е албанско и затоа ова мнозинство мора да победи“ рече Села.

Села го повика меѓународниот фактор да спречел изборни нерегуларности во Струга.

„Сакам да упатам порака и до меѓународниот фактор да се ангажира во вториот круг во Струга за да спречат манипулации и купување на гласови за кои слушам дека последните денови од страна на другиот кампус многу често се случува. Сакам да упатам порака и до сите граѓани на Струга и на 7. април мирно и достоинствено да излезат и да ја изразат својата волја и да ме поддржат за да владееме во наредните 4 години. Јас ќе бидам градоначник на сите граѓани, а не само на ДПА“, рече Села.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?