Села до Заев и Мицкоски: Ако направите македонска влада, ние ќе направиме албанска

Од:

„Коалицијата „Сега е време“ вечерва одржа централен митинг во Струга, под тешки временски услови, но вечерва плоштадот на Струга е полн со поддржувачи“, стои во соопштението на коалицијата.

Претседателите Зијадин Села и Африм Гаши денеска ја посетија Лабуништа и потоа од плоштадот Струга, Села, реплицирајќи до Заев и Мицкоски, за, како што стои во соопштението, „нивната идеја за размена на пратеници за да не бидат условени Албанците да формираат влада“,  Села рече:

„Слушам дека Заев и Мицкоски се подготвени да формираат македонска влада, еве ви кажувам многу јасно и отворено, ако создадете влада само со македонски претставници ние ќе ја создадеме нашата албанска влада. Јасно е, немам што друго кажам“, порача Села од Струга.

Би можело да ве интересира

Села: Моите очекувања секогаш кога има избори се да биде исполнета демократијата

Катерина Ѓуровски

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Ахмети и Села потпишаа коалиција

Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати

ВРЕДИ: Села и Лога имаат време до сабота да се предомислат

Разрешениот Села го разреши Таравари, сега двајцата се претседатели на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски