Села до Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

Од:

Зијадин Села, лидерот на едно крило од Алијанса за Албанците на социјалните мрежи му одговори на екс сопартиецот, актуелниот министер за здравство, Арбен Таравари околу можноста за повторна соработка.

„Според албанската традиција и обичајното право, домот не е едноставно место каде што живееш, туку тоа е име и идентитет! Дали вратата или куќата е голема или мала го прави сопственикот на куќата. Честа, довербата, дадениот и одржан збор и мажественоста се атрибутите кои овој сопственик мора да ги има. А кога ги нема, тоа не се нарекува ниту куќа, ниту врата, а камоли голема“, вели Села на социјалните мрежи.

Таравари вчера рече дека кој сака е добредојден да им се придружи.

Во одговор на новинарско прашање дали е можно повторно спојување со лидерот на другото крило од АА изјави:

„Јас кажав дека нашата куќа, нашата фамилија е голема, за сите вратите се отворени, така што, кој сака нека повели, добредојден е“.

Би можело да ве интересира

Села бара од Уставниот суд оценка на уставноста на измените за „Безбеден град“

Горан Наумовски

Алијанса на Таравари ќе го оспри „Безбеден град“ пред Уставен суд

Катерина Ѓуровски

АА: Проектот „Безбеден град“ отвора сериозни правни и уставни прашања

АА обвинува: Новата систематизација на МВР ги загрозува Струга, Дебар и Кичево

Горан Наумовски

ВЛЕН: За сала од 50.000 евра, Таравари потроши 750.000 евра народни пари

Влен: Зијадин Села е жеден за внимание