„Секуритас“: Граѓанскиот сектор да се вклучи во контрола на полицијата за време на избори

Од:

Невладината организација Форум за истражување на безбедносни политики „Секуритас“ денеска го презентираше извештајот за Постапување на полицијата за време на локалните избори во Република Македонија во 2017 година, во рамки на проектот Безбедни локални избори поддржан со ад хок грант од Цивика Мобилитас.

Станува збор за спроведено набљудување на постапувањето на полицијата во целокупниот изборен процес и претставува прв извештај од ваков тип направен од граѓанскиот сектор.

Извештајот е направен врз основа на секундарна анализа на јавно достапни извештаи и соопштенија од сите засегнати институции и организации вклучени во изборниот процес како што се Министерството за внатрешни работи, ОБСЕ/ОДИХР, МОСТ, Цивил, Хелсиншки комитет за човекови права, Делегацијата на ЕУ во РМ, Амбасадата на САД во РМ. Друг метод кој беше користен во истражувањето беа и интервјуа со сите актери во изборниот процес меѓу кои и политичките партии кои изразија подготвеност за соработка.

„Целта на овој проект е да се даде придонес за подобрување на изборниот процес, како и враќање и зголемување на довербата во полицијата како еден од клучните актери во спроведување и обезбедување на изборниот процес. Ваквиот начин на набљудување и анализа претставуваат значаен придонес кон остварување на надворешната граѓанска контрола и надзор на полициското работење и всушност е една од препораките кои произлегоа од нашето истражување“, изјави Пецо Трајкоски, претседател на „Секуритас“.

Во останатите препораки се и: поголема координација за прочистување на избирачкиот список, прецизирање и доуредување на полициската улога во административните постапки на издавање документи во изборен циклус, зголемување на полициското присуство и јакнење на партнерството со политичките партии и граѓаните, регулирање на присуството на раководните лица од МВР на партиски јавни собири и друг вид на настани, објавување извештај (отчет) од страна на МВР по завршувањето на изборите за епилогот од сите примени пријави во текот на изборниот процес итн.

Би можело да ве интересира

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ