Секоја прва среда во месецот– средба на Жерновски со инвеститорите

Од:

Градоначалникот на општина Центар,  Андреј Жерновски,  од оваа прва среда во месецот започнува редовна комуникација со инвеститорите кои работат со општината.

На средбите, инвеститорите ќе го запознаат градоначалникот со реалните проблеми кои ги мачат во комуникацијата со општинската администрација.

Со ова ќе се забрза процедурата на вадење документи и целата постапка околу отпочнување со градба, што е взаемен интерес и на општината и на инвеститорите.

Првата средба ќе се одржи на 01.10.2014(среда) од 12 до 14 часот во кабинетот на градоначалникот Жерновски.

Ова е нова комуникација и остварување на транспарентноста на општината. Секоја последна средба во месецот се одржуваат средби на Жерновски и неговиот тим со граѓаните, а редовно се оди на директни средби во населбите во Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски