Секоја мајка од Неготино за своето новороденче ќе добие по 7.000 денари

Од:

На седницата на Советот на општина Неготино која се одржа попладнето советниците ја изгласаа одлуката според која,почнувајќи од септември секоја мајка од Неготино за своето новороденче ќе добие по 7.000 денари. Советниците практично го поддржаа предлогот на неготинскиот градоначалник Ванчо Апостолов.

– Како локална самоуправа ја следиме владината позитивна популациона политика која позитивно влијае врз македонските семејства и решивме и ние како општина да дејствуваме стимулативно за зголемување на бројот на новороденчиња во општината и државата. Се надеваме дека ќе придонесеме за зголемување на наталитетот кој за жал е во опаѓање, рече Апостолов на прес-конференција.

Во Неготино годишно се раѓаат по околу 250 новороденчиња, па сумата која треба да се издвои за нив е околу 20 илјади евра, што според градоначалникот, нема многу да ја чини општината.

Би можело да ве интересира

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

Починато бебе донесено во неготинската болница, телото на обдукција

Апсења во неколку градови низ Македонија: Предистрага „Синџир“ за дела против јавните финансии

Александар Тодески

Полицијата со детали за сообраќајката во која загина 77-годишен пензионер од Неготино

Изгасени пожарите кај Неготино и Демир Капија – гасеа и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР

А1он

Семејно насилство: Со нож и се заканувал на сопругата и на нејзиниот татко