Секој ден сослушуваме осомничени и сведоци за крвавиот четврток, за обвинение треба време, тврдат од Обвинителството

Од:

Во Обвинителството за организиран криминал и корупција продолжува сослушувањето на осомничени и сведоци за настаните од крвавиот четврток. Утре треба да продолжи распитот пред обвинителите на началникот во МВР, Душко Лазаров, потврдија неговите адвокати за „Макфакс“. Неколку од осомничените го почнуваат третиот месец во притвор. Од Обвинителството кое го води случајот, за „Макфакс“ не објавија детали, зашто како што велат, со тоа би го нарушиле текот на истрагата. Потврдија дека сè уште е рано да се говори за обвинение, бидејќи станува збор за сложен предмет, во кој се опфатени голем број осомничени лица.

„Надлежен јавен обвинител што постапува по предметот за кој покажувате интерес секојдневно сослушува лица во својство на сведоци и во својство на осомничени. Со оглед на тоа дека станува збор за предмет во кој се опфатени поголем број осомничени лица за донесување соодветна јавнообвинителска одлука е потребно време. Во моментов не сме во можност да споделиме детали од истрагата со што не би го нарушиле текот на истрагата“, велат од Обвинителството за „Макфакс“. За овој предмет, на распит пред Обвинителството беа пратениците Сашо Василевски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски, како и останати осомничени за насилството во Собранието од 27 април 2017 година.

Во меѓувреме, од кривичниот суд во Скопје брифираа дека предметот со условните казни за напаѓачите во Собранието е вратен од Апелациониот суд. В четврток, пак, продолжува судењето за напаѓачите на Зијадин Села, кои се обвинети за обид за убиство. За напаѓачот на Шекеринска, Апелациониот суд пред една недела ја потврди висината на казната затвор која ја одреди кривичниот суд.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра