Сејдини: Една прифатена и три одбиени тужби поврзани со изборите

Од:

Управниот суд досега постапувал по четири случаи поврзани со претседателските и предвремени избори за градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар, од кои три се одбиени и една е уважена, изјави денеска претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини.

– Во петокот уважена е тужбата на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со која се поништува одлуката на Државна комисија за спречување на корупцијата од 17 април 2019 година за отворање на постапка за истражување на исплатата на субвенции, изјави Сејдини.

Отфрлени се двете тужби на 1ТВ против ценовникот на ДИК за изборно рекламирање и една која се однесува за заштита на избирачко право поднесена од страна на Стево Митевски со која бара упис во Избирачкиот список.

Сејдини посочи дека нема да ги коментира одлуките, кои се образложени и јавно достапни на веб страницата на Управниот суд.

Претседателот на Управниот суд посочи дека очекува и вториот круг од претседателските избори да мине во најдобар ред како и првиот.

– Резултатите од првиот изборен круг сите ги знаеме и не очекуваме тужби по вчерашниот мирен изборен ден. Доколку има тужби во вториот круг, јавноста ќе биде официјално информирана за јавните седници на кои ќе се одлучува по нив, изјави Сејдини.

Посочи дека во март годинава се формирани пет совети кои по случаен избор одлучуваат по тужбите доколку ги има. Рокот за одлучување на Управниот суд е 48 часа од моментот на поднесување на тужбата. На минатите избори до Управниот суд биле поднесени 27 тужби.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата