ВИДЕО: Сеидбата на ориз е во завршна фаза, откупната цена оваа година највисока

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, извршија увид во теренските активности на неколку локации на територија на Општина Кочани.

Министерот вели дека во програмата за оваа година, биле зголемени субвенциите по обработлива површина со задолжително користење на сертифициран семенски материјал од 12,000 денари на 25,000 денари, а за оние производители на ориз било задолжителна употереба на сертифициран семенски материјал, субвенциите биле зголемени од 6,000 денари на 18,000 денари.

„Во моментов, сeидбата на оризот е во завршна фаза и опфаќа површина од околу 3200 хектари. Од годинешната жетва се очекува да се добие вкупно производство на оризова арпа од 16.398 тони. Откупот на оризова арпа и бел ориз се одвива непречено и моментално за разлика од минатите години, просечната откупна цена бележи значителен пораст и се движи од 25-30 ден/кг оризова арпа и од 50-65 ден/кг за бел ориз во зависност од тоа дали се работи за крупни или ситни сорти. Политиката на субвенционирање со одвојувањето на оризот од останатите житни култури, ја вракаат оваа култура на нивото од пред дваесетина години кога беше главна земјоделска култура и препознатлив бренд за Кочанскиот регион“ изјави министерот Димковски.

На подрачјето на Кочани моментално има 10 субјекти регистрирани откупувачи на оризова арпа кои се запишани во регистерот на откупувачи на земјоделски производи.

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев изјави дека општината секогаш ќе дава поддршка за развојните инвестиции на оваа Влада и воедно апелираше да се користат мерките коишто значат развој за земјоделското производство, особено за производството на кочанскиот ориз.

Во текот на денешниот ден, министерот Димковски и градоначалникот Илијев, извршија увид и во градежните активности на ХС Оризарска река кој е составен од повеќе потсистеми, кои претставуваат независни градежни целини и кои ќе се реализират во повеќе фази.

Првата фаза е завршена и во тек се градежни активности од втората фаза – изградба на хидројазел Речани (брана Речани со придружни објекти, опточен тунел со возводен зафат, преливен орган и темелен испуст).

Изведувачките активности се во тек и согласно договорот истите треба да бидат завршени до 2024 година.

Оваа капитална инвестиција ќе овозможи снабдување со вода за пиење, наводнување на земјоделски површини во Кочанско Поле од околу 1,500 хектари како и производство на електрична енергија преку изградба на две хидроцентрали.

Од оваа земјоделска култура опстојуваат 3 500 земјоделски семејства во Кочанскиот регион.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец