Седумнаесетгодишник загина во сообраќајка на патот Струмица-Валандово

Од:

Еден загинат, и тројца повредени во тешката сообраќајка која синоќа околу полноќ се случила на регионалниот пат Струмица-Валандово.

Според информациите од полицијата, со автомобилот “дајхатсу фероза“ со бугарски регистарски таблички, управувал 18-годишниот Т.Т. од струмскичко село Куклиш, а до несреќата дошло така што возилото излетало од коловозот, па се удрило во заштитната ограда а потоа и се превртело.

На лице место загинал 17-годишниот Столе Црнгаров, а возачот и останатите двајца сопатници (сите од селото Куклиш) биле повредени, и биле префрлени во струмичкиот клинички центар каде им била укажана лекарска помош.

МВР известува дека струмичката полиција извршила увид на местото на трагедијата.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата