Седумнаесетгодишник ја застрелал малолетната сестра во Кичево

Од:

Поради невнимание 17 годишниот Ќ.М. од Кичево си ја застрелал својата малолетна сестра. Тој со пиштолот, сопственост на неговиот татко испукал еден куршум, при што го повредил девојчето, кое по укажаната медицинската помош во Кичево било префрлено во Скопје на Клиниката за детска хирургија.

Таму и била констатирана прострелна влезно-излезна рана на десната надколеница.

Полицијата поднесе кривична пријава против Ќ.М. поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Пријавениот, во семејна куќа во Кичево, неовластено чувал полуавтоматско огнено оружје, пиштол „ЦЗ“ калибар девет милиметри.

Пиштолот бил во сопственост на неговиот татко кој имал соодветна дозвола за поседување на огненото оружје.

Одземеното огненото оружје е испратено на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски