Седумнаесет сообраќајки во Скопје, две лица тешко повредени

Од:

Седумнаесет сообраќајни несреќи се случија на територијата на град Скопје во изминатите 24 часа. Две несреќи се со тешки телесни повреди, во кои со повреди се здобиле еден возач и еден сопатник во патничко моторно возило. Осум се со материјална штета, седум со телесни повреди при што осум лица се здобиле со полесни повреди.

Во текот на изминатиот  ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот  од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. Шест возачи не почитувале ограничувања на брзината на движење, 4 возачи поминале на црвено светло  на семафорот и 12 возачи за време на  управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Во текот на вчерашниот ден  Одделениеот за превенција  при СВР Скопје во рамките на своите превентивни активности реализираше сообраќајна поука на која ќе присуствуваат  граѓани  учесници во сообраќајот во својство на возачи кои сториле прекршоци по разни основи.

Во  делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од  IV одделение во О.У „Дане Крапчев“ и ОУ „Наум Наумовски Борче“на подрачјето на општина Гази Баба.

Во периодот од 11:00 до 13:00 часот Јавната Установа Детски Културен Центар – Карпош од Скопје, ќе организира „Ролер Трка“ наречена „Возиме кон Иднината“ на која ќе земат учество учениците од сите училишта на подрачјето на градот Скопје.

Трката ќе започне на бул Илинден од пред Фонтана Градски Парк па се до крстосницата со ул „Никола Тесла“ кај Паркови и Зеленило и назад. За време на оддржување на трката сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници, поради што се апелира до возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите на унифромираните полициски службеници.

Утре со почеток во 16:00 часот во спортскиот центар Јане Сандански во рамките  на  лигата на Шампионите ќе се одигра маѓународен ракометен   натпревар помеѓу  РК Вардар  и Веспрем .

Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.

Од СВР Скопје апелираат до сите граѓани кои имаат намера да дојдат на Ракометниот натпревар да ги почитуваат знаците и наредбите што ќе им бидат давани од страна на  униформираните полициски службеници, а доколку дојдат со сопствени возила истите да ги паркираат на околните дозволени паркинг простори.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ