Седумдесет и деветгодишен маж повреден во пожар во штипско

Од:

Седумдесет и деветгодишен маж од Штип е повреден во пожар предизвикан од запалено стрниште, што ја зафатил и неговата викендица во штипското село Таринци.

Како што соопшти МВР, пожарот во кој што мажот се здобил со телесни повреди, бил пријавен во полиција вчера во 12:10 часот.

Тој бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош. Од страна на штипската Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче