Седум сообраќајки за 24 часа во Скопје

Од:

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди.

Од нив три се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и еден пешак.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќа. Тројца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и девет возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 46 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски